Вчера битолска навивачка екипа тргна кон Хрватска, каде ќе ја бодрат македонската ракометна репрезентација на Светското првенство кое оваа година ќе се одржи во три држави Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонската ракометна репрезентација денеска го почнува настапот на седмото Светско првенство по ред.
Во Вараждин, Хрватска ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Унгарија.












