ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНКАТА ЕЛЕНА ТАСЕВСКА Е КОШАРКАРКА НА ГОДИНАТА СПОРЕД КФСМ

Кошаркарската федерација на Македонија синоќа ги прогласи најдобрите за 2023 година, а најважната награда за најдобар кошаркар заврши токму во рацете на Војдан Стојановски. Битолчанката Елена Тасевска, која настапува за Баскет КАМ, е прогласена за кошаркарка на годината.

Експлодираше, онака играчки, кога беше најпотребно, во натпреварите кои носат шампионска титула. Одигра скоро беспрекорно во оние плеј-оф серии преку кои Баскет Кам, екипата за која игра, го врати шампионскиот сјај.

„Благодарам на моите тренери и селектори. Ова е мое прво вакво признание. И е само еден мотив, и поттик плус за понатаму“, изјави добитничката на главната награда во женската сениорска кошарка за 2023 година.