ТЕРА

REKLAMA???

ВЕЛЕВСКИ: СДСМ БЕШЕ ПОСЛУШНИК НА ВМРО ДПМНЕ ВО СОВЕТОТ

„Левица“ на есенските локални избори ќе излезе со свој кандидат за градоначалник на Битола. Тоа нема да биде ниту еден од двајцата советнции во Советот на Општина Битола, Велевски или Трајковски, туку друго лице, рече во интервју за Актуел на Тера, Горан Велевски, локален лидер на „Левица“ во Битола и советник во битолскиот Совет.

„Кандидат кој досега е надвор од сите партиски примероци како овие истрошени ликови на еден начин, така што ќе имаме чист, образован, прецизен и точен кандидат и очекуваме голема поддршка од јавноста затоа што ние веќе се декларираме и јавноста нe декларира како политичка партија од поголем размер со оглед дека ги добиваме гласовите и ја добиваме поддршката од граѓаните, така што очекуваат и ние тоа очекување ќе му го исполниме. Нашиот став е јасен дека „Левица“ ќе има свој кандидат на овие локалните избори“ вели Велевски.

Многу работи се случувале зад врата во битолскиот Совет, вели тој.

„Во првите две години добиваа поддршка од „Поинаку“, потоа ја изгубија поддршката поради некакви околности. Многу работи и потоа им поминуваа на ВМРО ДМННЕ, завршни сметки, ребаланси на буџети со поддршка од СДСМ. Кога немаше мнозинство ВМРО ДПМНЕ, тука му беа нивните договорни зделки со СДСМ за да поддржат такви ситуации“ вели тој.

Никој не би гласал, што би се рекло за „лепе очи“ вели тој. А, тие пак гласаа за последниот ребаланс на буџетот што на Коњановски му беше многу битно заради проектите од владата, да ги добие општината, односно граѓаните, за да се среди градот кој никогаш не бил повалкан и пораскопан.

„ Во изминатиот период добивавме критики доколку не поддржиме ребаланс и доколку поддржиме. Ние не гласавме за ВМРО ДПМНЕ, не гласавме за ребалансот, туку гласавме за нашите проекти кои се појавуваат во развојната програма“ вели советникот од „Левица“.

За нивните проекти не добивале поддршка од ВМРО ДПМНЕ.  Им се кажувало дека тоа се заднички проекти и ќе се реализираат, но ништо немало од тоа.

„Имаше еден период кога ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и „Поинаку“ гласаа против нашите предлози“ кажа тој.

Прашавме ако немале поддршка од десната страна, тогаш зошто не им биле гласани проектите од мнозинството од левата страна, а кое го имаше.

„СДСМ беа поконструктивни како опозиција и даваа поголема поддршка. Така што ете наша иницијатива беше за секое прваче по 3000 денари, па тие објавија по 4000 денари. Она што одеше во прилог на граѓаните, а поднесено од „Левица“, за ВМРО ДПМНЕ беше неприфатливо затоа што е предложено од нас. Тука имаше кочење во работата со поддршката на „Поинаку“ објаснуваше Велески, а го прашавме зошто потоа кога мнозинството беше на левата страна каде што е СДСМ и „Поинаку“ не пробале да ги реализираат работите.

„Таму ситуацијата беше доста изненадувачка. Доколку ние предложевме предлог одлука за некоја иницијатива која треба да ја поддржи левата страна која ја сочинуваат СДСМ и „Поинаку“, доколку не им се допаѓаше на ВМРО ДПМНЕ, дел од СДСМ не даваа поддршка за да се реализира нештото и тие четити години соработуваат и може да се докажи дека СДСМ беше послушник на ВМРО ДПМНЕ“ рече Велевски.

Тој вели дека со нивниот кандидат очекуваат и целат да влезат во вториот круг со цел како што рече да го пасокизираат СДСМ.