ТЕРА

REKLAMA???

ВЕНС: СЕ ОДРЕДУВА ДАТУМОТ ЗА СРЕДБА МЕЃУ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека се утврдува датум кога украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да седнат на преговарачка маса и да разговараат за завршување на војната, пишува агенијата МИА.

Венс изјави дека нема да биде „продуктивно“ таков состанок да се одржи пред двајцата лидери да се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Фокс њуз.

Тој додаде дека САД ќе продолжат со „отворен дијалог“ со Украина и Зеленски.

Трамп претходно објави дека ќе се сретне со Владимир Путин во Алјаска на 15 август, но дека е отворен за трилатерален состанок на кој би учествувал и Зеленски.

„Блумберг“ јави дека американските и руските претставници работат на постигнување договор што би ја запрел војната во Украина и кој би ја потврдил руската контрола врз териториите што Москва ги окупирала од почетокот на инвазијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не може да го прекрши својот устав поради територијални прашања. Тој додаде дека „Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите“.

Коментирајќи ја одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска на 15 август, Зеленски рече дека Украина е подготвена за вистински решенија што би можеле да донесат мир. Но, додаде дека секое решение без Киев би било решение против мирот.

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, денеска изјави дека секој договор меѓу Вашингтон и Москва во контекст на војната во Украина мора да ги вклучи Киев и Европската унија.

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Полска, Финска, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во заедничко соопштение во врска со решавањето на украинската криза, нагласија дека остануваат посветени на принципот дека меѓународно признатите граници не можат да се менуваат со сила и дека сегашната линија на раздвојување треба да претставува почетна точка за преговори.