Општина Могила по 12-ти пат го организира Фестивалот на дуети ,,Константин и Елена”. На фестивалот ќе настапуваат естрадни уметници од македонската сцена.
„Ја негуваме традицијата, народната песна и македонскиот фолклор“ вели градоначалникот на Могила, Драганчо Саботковски.
Фестивалот ќе се одржи вечерва на летната дцена, односно во дворот на ОУ „Гоце Делчев“ во Могила со почеток во 20:30 часот.
Без разлика на временските услови фестивалот ќе се одржи, а организаторот обезбеди покривање на просторот.














