ТЕРА

REKLAMA???

ВЕЧЕРВА ФОЛКЛОРНО ДЕФИЛЕ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ДЕНОВИ“

Во 18:30 часот, од Плоштадот Магнолија до Офицерски дом, преку Широк Сокак ќе помине големото дефиле на сите домашни и странски учесници на 55-то издание на фестивалот „Илинденски денови“.

Фолклорното дефиле го означува официјалниот почеток на фестивалот, кој веќе неколку дена се одржува низ Битола со својата придружна програма.

Во дефилето ќе учествуваат гостите од светот, заедно со македонски фолклорни друштва.

Свеченото отворање на фестивалот е од 20:00 часот во дворот на Офицерскиот дом.