Пријавувањето за упис на еден од факултетите кои се дел од Уиниверзитетот св. Климент Охридски е во тек, заинтересираните може електронски да се пријавуваат, а потоа во периодот од 19 до 27 август да ги поднесат своите документи. Така функционираат сите 11 универзитетски единици , така функционира и Високата медицинска школа во Битола.
Лица, ученици кои положиле државна или меѓународна матура, со завршено четиригодишно средно образование во претходните учебни години (пред учебната 2007/2008 година и во учебната 2019/2020 година) кои не полагале државна матура, или имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети и виши школи или пак паралелно студираат сродни факултети, студиски групи или насоки и ученици кои целосно или делумно завршиле средно четиригодишно образование во странство може да се запишат во прва година на додипломски студии на Универзитетот Св. Климент Охридски.
Високата медицинска школа нуди тригодишни, стручни студии организирани во 6 семестри за вкупно 210 нови студенти за 5 студиски програми.
15 места има за програмата Медицинска сестра/ техничар во државната квота, 30 места за редовни студенти со школарина и 30 места за вонредни студенти.
Програмата Медицинско-лабораториски аналитичар има по 10 места за сите три категории студенти.
А програмата Физиотерапевти има 10 места за редовни во државна квота, 20 места се отворени за потенцијалните редовни со школарина и за 10 студенти кои вонредно би стуритале на оваа школа.
Програмата Радиолoшки технолози има по 10 места за сите категории – вкупно 30 кои би студирале за радиолошки технолози, а програмата Акушерки има 10 отворени места за редовни студенти во државна квота, 15 места з аредовни студенти со платена школарина и 10 места за вонредни студенти.
Конкурсот за упис е отворен, заинтересираните може сега електронски да се пријавуваат преку интернет страната на Универзитетот, на посебната врска / линк односно системот iKnow до кој стигнувате преку електронската адреса upisi.uklo.edu.mk. Претходно треба да се креира корисничко име и лозинка, а потоа да се пополнат соодветнит формулари. Според календарот за упис, од 9 до27 август може да се достават документите.












