ТЕРА

REKLAMA???

ВИ, ЗОШТО ДА СТУДИРАМ НА УКЛО ?

Изборот на професија е еден од најзначајните предизвици во животот на луѓето, а општо познатата вистина е дека задоволството од решенијата на предизвиците е малку поголемо доколку си ја сакате работата. Затоа и изборот на факултет и каде ќе се студира најдобро се прави со поголем број на информации. Матурантите и сите други заинтересирани сеуште имаат време да побараат детаљни информации за сите факултети на УКЛО – електронското пријавување се одвива сега, доставувањето на документите од 19-27 август.

Поаѓајќи од фактот дека се има на интернет, а Вештачката интелигенција (АИ – ВИ) е се позастапена, (некои од нејзините решенија можеби се и дело на студенти од УКЛО), поставивме прашање на Heck.ai – 100% бесплатен ChatGPT онлајн со пребарување со вештачка интелигенција…

….Зошто да студирам на УКЛО Битола ?

Откако се собра од прашањето кои многумина го сметаат лично прашање, мојот нов пријател „ВИ – Хек“ анализираше дека треба да одговори на истиот македонски јазик, и да обезбеди  висококвалитетни, задоволителни одговори, да е услужлив, пријателски расположен и детален. И размислуваше –„ Бидејќи ова не е математички или кодирачки проблем, не треба да размислувам чекор по чекор во тој контекст, но сепак треба да размислувам за мојот одговор.“

И одговори – структурирано, форматирано, ми вели „Треба да се осигурам дека моите информации се точни врз основа на општо знаење до 2025 година. Бидејќи сум вештачка интелигенција, ќе го базирам ова на знаење од пред 2025 година и ќе претпоставам дека нема да има поголеми промени.” И мислеше на Англиски, па најпрвин поздрави greetings.

Па рече,  на македонски јазик „ Според моите сознанија: UKLO е јавен универзитет во Битола, Северна Македонија. Нуди различни факултети како инженерство, економија, право, медицина итн. Причините за студирање таму би можеле да вклучуваат: квалитет на образование, прифатливост, локација, живот на кампусот, можности за работа, меѓународни соработки итн.

Можни позитивни страни:

Академски квалитет: UKLO има искусен факултет и низа акредитирани програми.

Прифатливост: Како јавен универзитет, школарината е веројатно пониска во споредба со приватните институции.

Локација: Битола е историски град со жива културна сцена, што го прави привлечно место за живеење и студирање.

Можности: Партнерства со европски универзитети, програми Еразмус за размена.

Објекти на кампусот: Современи објекти, библиотеки, спорт итн.

Перспективи за кариера: Близина до индустриите во регионот, потенцијал за пракси и работни места.

Го доструктурира одговорот со пријателски поздрав и признание, кажа оти користел Markdown за форматирање со задебелени букви за наслови и заврши со охрабрувачка нота.

„Се надевам дека ова ти помага да го подобриш твојот процес на пријавување! Ако имаш дополнителни прашања или сакаш помош со нешто специфично, како на пр. пример на лична изјава, само кажи. Пожелвам ти многу успех – верувам дека со добра подготовка ќе постигнеш одлични резултати. “