Со 700 литри во секунда, битолчани повторно се вратија на летното користење на водата, што ги поттикна екипите на ЈКП „Водовод“ да посочат дека чистата вода за пиење којашто ја има градот е јавно добро што треба да се чува.
А за да не заборавиме под напливот на сончевите зраци и сувиот и топол воздух што го зема здивот, информираат дека
„Екипите на ЈКП Водовод –Битола покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат контрола на водоснабдувањето и ќе интервенираат кај оние корисници кои енормно и бесправно ја користат водата за пиење, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување на корисниците.“

Водата од поточињата и рекичките и хидросистемот „Стрежево“ е хемиски и бактериолошки исправна, чиста вода, благодарение на дејноста што ја врши ЈКП„Водовод“, услугата којашто ја користат граѓаните. Денеска од претпријатието информираат „Во овој период се планираат исклучувања на бесправно поврзаните корисници на водоводната мрежа. ЈКП Водовод Битола апелира да не се користи питката вода за наводнување на поголеми површини, туку рационално да се користи за основните потреби. И додаваат „Секоја злоупотреба за нерационално користење на водата и сите иматели на диви приклучокци, ќе сносат одговорност и кон нив ќе биде покрената соодветна пријава.“
И за тие кои живеат во висококатници кои заради поголемата употреба на вода имаат проблеми со притисокот на вода, ЈКП „Водовод“ има потсетување – „да ги користат своите хидрофорски постројки“.
Ако ги немаат, што побрзо, да ги набават.












