На седницата на Комисијата за јавни дејности се најде и извештај за работата на ОУ „Гоце Делчев“ за претходната учебна година и годишната програма за работа во следната учебна година. Освен другите проекти фокусот ќе им биде и тој за енергетската ефикасноста на училиштетот. И во ова училиште има намалување на бројот на ученици.
Директорката беше прашана и за спортските објекти.
Следно беше ОУ „Ѓорѓи Сугарев“. Директорката изрази благодарност до Советот што ја прифати донацијата, проектната документација за комплетна реконструкција на кровната конструкција, енергетски ефикасна фасада и промена на столаријата, кога ќе бидата во можност ќе реализраат. Бројката на ученици во следната учебна година без голема промена.
Приоритет за следната година во училиштете „Коле Канински“ ќе биде реновирањето на санитарните јазли во централното училипте, дограмата и спуштање на таваните во училиштето село Буково и конечно како што рече реновирање на скалите. И таму помалку првачиња.
Следно беше ОУ„Св. Климент Охридски“ Битола. Директорот кажа и за грантот од јапонската амбасада со кој се менува кровната конструкција над училниците, сите кабинети и ходниците. Замена и на дрвената дограма и реконструкција на спортските терени. аплицирале и за фотоволтаици. Драстилна промена на бројот на ученици немало во ова училиште.
Пред членовите на Комисијата за јавни дејности и работата и планот во претходната и за следната година за ОУ „Трифун Пановски. Претставникот на училиштето го истакна грантот од министерството и Светска банка за целосно опремување на кабинетот по информацтика. За разлика од другите, ова училиште за следната година има поголем број првачиња.
Извештајот за преходната учебна година и планот за работа во следната школска година го претстави директорката на училиштето „Тодор Ангелевски“, која кажа дека и кај нив има намалуваее на бројот на ученици.
За разлика од другите училишта, ОУ„Крсте Петков Мисирков“ новата учебна година ќе ја започне со тројца учениви повеќе од лани.
Приоритет ќе им биде енергетската ефикасност оти таму топловодот не поминува. Прашање и за тоа до каде е спортската сала.
И така стигнаа до точките, односно решенијата за давање согласност за формирање на паралелки со помал број ученици во основните и средните училишта.












