ТЕРА

REKLAMA???

ВО НАЈАВА 55 „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“

„Денес за утре“ е слоган и мото на најновото издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“- Битола – како аманет кој  потсетува и поттикнува на собирање и пренесување на знаење за сопствениот народ и  неговата култура во секој нејзин сегмент и облик.  Годинава се навршуваат 55 години од постоењето на фестивалот по кој се препознава Битола. Програмата – стокмена, организаторот – возбуден.

„Илинденски денови“ не е само сценско-музичка презентација на ора и песни, туку е место кадешто новите генерации може да ги видат и научат автентичните ора, песни, игри, обичаи, такви какви што е поставени пред векови – вели валентин соклевски, уметнички раководител на Фестивалот. И во тоа е големината и важноста на овој фестивал.

На 18 , в петок започнува програмата со којашто цели две недели ќе се слави народната култура. По четврт пат Тони Гламчевски е селектор на етно филмови што се составен дел од Интернационалниот Етнографски Фестивал.

Едукативниот дел од фестивалот е показ за проширувањето на фестивалот. По 17 ти пат ќе се реалзиира Семинарот на традиционална музика и игра, веќе се отворени пријавувањата за работилниците и мастеркласовите кои се организираат во рамките на фестивалот кој е единствен сертифициран на ЦИОФФ – Меѓународен совет на организации на фолклорни фестивали и народни уметности.

Културен код- Мојот моден отисок, хрватски традиционален накит, мастер класови од учесниците од Швајцарија – која првпат гостува на фестивалот, Индонезија, Мексико, Хрватска и Полска, стручни презентации за нивните народни култури, ревија на народни носии конципирана од КУД „Илинден“. Овие се само неколку од бројните настани во настанот што ги предвидува организаторот за кои веќе има голем интерес за следење од луѓе кои не се учесници на фестивалот туку доаѓаат во градов само за овие работилници. Во прегледот на целосната програма којашто денеска беше презентирана, сите говорници ги потенцираа двата настани кои го отсликуваат мотото – „Русалките во стрип“  – делот од македонската и словенска митологија како нов формат на претставување на народната култура и   „Војводите на Комитското “ –  изложба на фотографии од сите „војводи“ кои на отворањето на фестивалот „Илинденски денови“ го играле орото „Комитско“. Како што ќе биде и годинава.