Се случи уште едно издание на „Фстивалот на жетвата“ во Општина Новаци. Изминатиот петок и сабота фестивалската сцена привлече голем број публика, кои двете вечери уживаа во програмата која беше испалнирана за ова издание.
Фестивалот за отворен го прогласи министерот за земјоелие Трипуновски кој и оваа година беше тука на овој фестивал.
„Ние како министерство оваа година во повикот којшто го објавивме за да ги финансираме ваквите локални манифестации коишто значат пред се за локалниот развој, за промоцијата на македонскиот рурален туризам, за промоција на македонското земјоделство е еден добар показател и затоа оваа година ја зголемивме и поддршката по корисник којашто практично секоја општина или земјоделскко здружение ја аплицираше. Поддршката оваа година изнесува 200 илјади денари по корисник. Ние со ваква посветеност ќе продолжиме во наредниот период затоа што гледам дека има сериозна заитересираност и еве конкретно и оваа манифестација којашто традиционално ја посетувам неколку години, мислам дека е 4-та година по ред како се организира од страна на локалната самоуправа од година во година е се помасовна, поорганизирана и подобра што значи дека се движиме во една вистинска насока да ваквите манифестации имаат еден позитивен и комплетен ефект“, рече министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.
Задоволство од поддршката на министерството изрази градоначалникот на Новаци, Стевановски.
„Секако дека сум задоволен, со доаѓањето на новата влада и министерот за земјоделие како што спомена предмалку и министерот, се зголеми поддршката за ваквите манифестации. Од оваа година општина Новаци доби 200 илјади денари поддршка од страна на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство , што секако таа поддршка има голема значење за нас“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Стевановски уште кажа дека работат на тоа да се задржат оние кои се тука, но и да се вратат оние кои заминале.
„И работиме на таа проблематика, еве заедно со владата имаме низа на мерки со цел да го поттикнеме развојот на селото, на земјоделството, да ги мотивираме младите луѓе да се вратат во селото, да се занимаваат со земјоделското производство, а со тоа и да го развиваме руралниот момент“ вели Стевановски.
А, што се однесува до програмата двата дена уживаа од најмало до највозрасно. Имаше Жешки водени лудории со Заги, потоа Детската претстава „Рибарот и златната рипка“ – според А.С Пушкин во изведба на Театар Колозов, „Везилка“ Новаци – Народни танци и ора, продолжи со Игор Димовски – Пауза за ракија, а првата вечер заврши со Анета Арсовска и оркестар Фаворити.
Втората фестивалска вечер започна со Детската претстава „Заги се враќа од Америка“, продолжи со Детска претстава и мјузикл „Пинокио“, па следуваше – доделување благодарници и признанија на најуспешни земјоделци од Општина Новаци, а забавниот дел продолжи со Наум Петрески, а потоа и Борче Наумовски Министерот, Адријана Ацеска и група TWINS.












