ТЕРА

REKLAMA???

ВО СДСМ РАЗМИСЛУВАЛЕ И ЗА ПОДДРШКА НА ПРОФИЛИРАН НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ

СДСМ се уште без решение за кандидат за градоначалник на Битола.

Го прашавме првиот социјалдемократ во Битола дали СДСМ на локалните избори ќе настапи со свој кандидат или ќе поддржи независен?

„СДСМ ќе настапи со кандидат кој ќе биде најдобро решение за Битола. Во моментов се разгледуваат повеќе опции – и можноста за сопствен кандидат и поддршка на профилиран независен кандидат кој ги дели нашите вредности. За разлика од други, ние не бараме кукли за исполнување на партиски или бизнис-интереси. Битола заслужува сериозен кандидат и СДСМ ќе го понуди токму тоа“, вели Методија Куновски претседател на ОО на СДСМ Битола.

Прашан дали е точно дека до петок ќе биде познато дали надворешен член ја прифаќа или не понудата да биде поддржан од СДСМ за кандидат за градоначалник на Битола, Куновски вели дека се работи за апсолутно неточна информација.

„Не робуваме на рокови, туку на принципи. Во тек е партиската процедура и не дозволуваме некој од надвор да диктира темпо“ вели Куновски.

За коментарите на политичките противници дека СДСМ мака мачи да најде кандидат во своите редови кој ќе изгуби, оти никој не сакал да има политичка штета од тоа, Куновски вели дека тоа се евтини провокации од ВМРО-ДПМНЕ чиј градоначалник во заминување ништо не направи за Битола цели четири години.

„СДСМ не бира кандидат за пораз, туку за победа и одговорно водење на градот. Наместо да се занимава со СДСМ, во ДПМНЕ нека се запрашаат зошто Коњановски заслужи номинација за втор мандат. Заради сработеното сигурно не“ рече претседателот на Битолската СДСМ.