Oд 19 до 26 како претходник на фестивалот на народни песни и ора „Илинденски Денови“ а со свое место во светот на филмографијата се одржува Интернационалниот Фестивал на Етнографски филм. Започнаа викендов, проектираат филмови во две кино сали и, јасно ја изразуваат својата цел – преку етнографските филмови до поголемо знаење за народите и различните култури во светот.
Дали знаете како се прави шљивова ракија, дали знаете дека фанданго е традиционален шпански танц, дали знаете дека во Естонија има едночудо традиционални практики за собирање на дрва за огрев и, ги берат и покрај строгите закони кои ги спречуваат, дали знаете зошто се вели „ветрот нема опашка“?
„Кој знае дека мразот во Битола се носеше со магариња од Ореово во летните времиња?“ – прашува Тони Гламчевски, селектор на Интернационалниот етнолошки фестивал „Илинденски денови“ и продолжува, „Сето тоа ако никој не го забележал, не се знае“.

За „Луѓе, богови и други сушетства“се прикажуваат филмови во малата сала на Центарот за култура во рамките на Интернационалниот Фестивал на етно-филмови на „Илинденски денови“. Ова луѓе -богови –суштeства е наслов на еден од филмовите.

Традицијата на еден народ се состои во сето знаење што се пренесува од генерација на генерација. Се смета дека усното пренесување во рамките на едно семејство е највредното, но денешната динамика и култура на живеење тоа и не го овозможува премногу. Оттука, светот високо ги вреднува и се труди да ги произведе т.н етнографски филмови. Таков е примерот на овој фестивал, таков е примерот и на фестивалот во Нанси чиј селектор е токму Гламчевски.

Следбениците на си-фи сериите кои ем се облекуваат ем заеднички одмор планираат, правењето зимница во есен во Македонија, прославата на фудбалските навивачки групи – како неодамнешната на Чкембарит6е, се тоа може да биде содржина од филмовите со предзнакот „етнографски“. Гламчевски се надева, на овој фестивал допрва ќе стануваат помногубројни квалитетните македонски продикции. Фестивалот трае до 26 овој месец, претпладневните проекции од 10.00часот се одржуваат во малата сала на ЦЕнтарот за култура, а последната прекција на денот што започнува во 20.00часот се одржува во „Кино Манаки“.
Разговорот со селекторот Тони Гламчевски во продолжение, преку врската што ве води до YouTube.













