ТЕРА

REKLAMA???

ЗА ИЛИЕВСКИ, КУНОВСКИ БИЛ БОРБЕН И ИСКРЕН СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ

СДСМ вчера попладне објави нови 16 кандидати за градоначалници.

Како што на прес конференцијата соопшти претседателот на партијата Венко Филипче, потпретседателката Каја Шукова е кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Кандидат за градоначалник на Битола ќе биде претседателот на општинската организација, Методија Куновски, за кој досега во партиските кулоари се споменуваше дека тој ќе биде носителот на советничката листа на СДСМ за идниот состав на Советот на Општина Битола.

Но, после многу имиња кои кружеа во јавноста како потенцијални кандидати за градоначалник, сепак на крај паднала одлуката поранешниот новинар Методија Куновски да му се спротивстави на Тони Коњановски, кој е номиниран од ВМРО ДПМНЕ за уште една кандидатура за градоначалнички мандат.

За многумина останува нејасна дилемата зошто потпретседателот на партијата кој е од Битола, Методија Илиевски не беше изборот да му се спротивстави на Коњановски, со оглед на тоа што тој ја има една од највисоките функции во партиското раководство во централата во Скопје.

Како и да е Илиевски за Куновски, кој патем му го згреши презимето во честитката, вели дека тој е вреден и способен, искусен и професионален, борбен и искрен социјалдемократ.