Во намерата кон развој на планинрскиот туризам и екотуризам, НП „Пелистер“ продолжува со уредување на местата богати по своето природно но и културно-историско наследство. Пристапните патишта кон црковните објекти во едно од населените места во националниот парк беа предмет на уредување деновиве.

„Вработените од ЈУНП „Пелистер“ заеднички со локалното население од селото Маловишта ја уредија и втората патека која води до манастирот „Света Ана“ – информираат денеска. Со цел верниците да имаат полесен пристап.

Маловиште е сместено во северниот дол на Баба планина, а на 7 август се слави христијанскиот верски празник „Успение на Света Ана“. „Тогаш селото коешто се наоѓа на 1.170 метри надморска височина е домаќин на илјадници верници, планинари и љубители на природата – објаснуваат од Националниот парк продолжувајќи „ Ноќта на 6 август посетителите низ густата букова шума се искачуваат до манастирот „Св. Ана“ којшто се наоѓа на 1.400 метри надморска висиана и се дел од еден автентичен настан и уникатно доживување што го истакнува специфичниот културен идентите и традиција на селото.

„Во селото доминира влашкото население доселено овде кон крајот на 18 век, според некои извори и порано. Па, дополнуваат од НП Пелистер „Маловиште“ е единственото населено место во рамнки на националниот парк коешто со своите традиционални камени куќи и калдрмисани улици останува јасен симбол на влашкиот културен идентитет и традиција во регинот. “

И овде се извршени работи на разубавување и зголемување на капацитетот за задржување на посетителите – поставени се дрвени маси и клупи, патеката е расчистена. Вредните работници кои ова лето ги средуваат патеките на пониските делови од Баба и Пелистер од семејството на Ристо и Лиле Палигора добиле и „Pita di burbunaca“ – зелник со киселец.

„Како ЈУ НП Пелистер ќе го дадеме максимумот за искористување на потенцијалот на Маловишта за развој на еко-активниот туризам и зачувување културниот идентитет и традиција како дел од природното и културното наследство на паркот“ – ја завршуваат денеска информацијата за јавност од Националниот парк.












