ТЕРА

REKLAMA???

ЗА СКОРО КУЈНАТА ВО РЕК БИТОЛА ЌЕ БИДЕ СТАВЕНА ВО ФУНКЦИЈА

За време на денешната посета на РЕК Битола на владината делегација, а по повод одбележувањето на 28 август Денот на рударите, премиерот Христијан Мицкоски направи обиколка и на кујната од која вработените во коминатот ќе добиваат топол оброк.

Директорот на „ЕСМ Молика“ Горан Исков вели дека  со голем труд и заложби ја ставаат во функција кујната за вработените во РЕК “Битола” и ќе биде отворена кон крајот на септември по предвидениот тест период.

„Топлиот оброк за вработените во РЕК Битола ќе придонесе за поголема продуктивност во работата. Посетата на Премиерот ја потврди грижата и заложбата на Владата за добробит на сите вработени во комбинатот“ вели Исков.