ТЕРА

REKLAMA???

И ПРИДРУЖНИТЕ ЧЛЕНКИ НА УКЛО ЌЕ РЕАЛИЗИРААТ ПРОЕКТИ ФИНАНСИРАНИ ОД МОН

Со седум одобрени научно-истражувачки проекти што ќе се реализираат со финансии од Министерството за образование и наука, УКЛО во пресрет на новата академска година ја потврди својата ориентација кон наука, иновации и академски напредок- вистинска покана и за новите генерации студенти. Освен факултетските единици, проекти ќе реализираат и придружните членки.

Јавната Национачна Установа  Хидробиолошки завод – Охрид ќе го реализира проектот „Лимнолошки истражувања на Охридското Езеро“ – интердисциплинарна научна иницијатива за откривање на раните знаци на еколошка деградација и зачувување на биолошката уникатност на езерото преку современи истражувачки методи и интегрирани еколошки анализи е еден од проектите. На промоцијата на проектите неодамна во Ректоратот, претставен беше и проектот на Институтот за старословенска култура во Прилеп насловен „Византиските монашки центри во РС Македонија – традиција и континуитет“. Главниот истражувач д-р Александар Василески вели дека тоа е  мултидисциплинарно истражување посветено на културниот и духовниот континуитет на значајни манастирски локалитети од антиката до денес.

„Всушност овој проект од антиката до денес претставува на еден начин сублимација на целата кадровска и организациона поставеност на Институтот бидејќи тоа е мултидисциплинарен проетк чијашто основна цел е да се проследи од различни научни перспективи единствениот феномен на континуитетот на културата на нашето тло, на тлото на Македонија почнувајќи уште од античките времиња па се до денешницата.“

Направена е селекција од неколку најзначајни локалитети вели Василевски, кои според постоечките податоци биле основани во византиско време , а имале функција на монашки и манастирски центри.

„Притоа водевме сметка да постојат на истата локација, на истиот топос, и постари слоеви, уште од времето не хеленизмот – хеленистичко-македонскиот период, преку римскиот период па се до ранохристијанството, византиската власт во Македонија, промените на властите во Макеоднија о д отоманскиот период па се до денес. Овие феномени на културен континуитет ќе бидат разгледувани од поголем број на научни дисциплини со коишто се во нашата институција обединети. Тоа е пред се археологијата, историјата на у метност, етнологијата, лингвистиката, антропологијата и примена на нови современи технологии во проучувањето на културното наследство. Во ваквите егзактни методи коишто ќе бидат применети во проучувањето на спомениците и археолошките слоеви, поланирано е веќе од следниот месец во соработка со универзитетот Хамболт од Калифорника да бидат направени геомагнетни и георадарски снимања на локациите, исто така да бидат направени снимки за да се добијат тополнителни сознанија околу тие археолошки слоеви коишто со сигурност знаеме дека постојат на овие локалитети, а веќе во следната фаза ќе бидат направени и хемиско-физичкии испитувања на сликарските материјали и малтерите со цел да добиеме познавање околу самата технологија и хронолошкото определување на одредени делови од овие градби коишто биле доградувани, преправани и изменувани во долг временски период.“ – вели Василевски.

Од ова мултидисциплинарно истражување се очекува да се добие обемна документација за натамошно користење од различни научни дисциплини, а сублиматот да биде публикуван во референтни научни списанија.