ТЕРА

REKLAMA???

КОГА БИ МОЖЕЛЕ ДА ЛЕТАМЕ

Од митот за пронаоѓачот Дедал, кој направил крилја за со свјот син  Икар да избега од затвор јасен е копнежот на човекот да лета како птица. И, од искона црта, пресметува, авиони и хеликоптери измисли и разни други направи, но сепак не може да лета со крилја.

А научниците секој со свој интерес сеуште бараат одговор на прашања поврзани со самостојно летање на човекот. Најпрвин откриле дека човекот неможе сам да лета оти нема сила. Птиците имаат посебна градна мускулатура којашто има доволно снага да го подигне телото од земјата.

Но,еве, ако човекот би имал крилја, колкава би била нивната големина откривал Тај Хедрик професор по биологија на Универзитетот во Северна Каролина во Чапел Хил. Неговото истражување вели дека големината на крилјата е во директна зависност од големината на личноста, но некој што тежи околу 70 килограми и е висока најмалку 1,5 метри би имал распон на крилјата од околу 6 метри.

На математиката во истражувањето направена била и анализа на анатомијата на човекот. Ако сакаме да летаме ни треба поголема плешка , за да се задоволи сликата на  класичниот изглед на ангел  што покажува човек како лета со огромен пар пердувести крилја што штрчат од грбот. На плешката би требало да имаме прицврстени посебни мускули кои би требало да завршуваат на прстите. Но, за да лета, остатокот од нашето тело ќе треба да произведе доволно сила, за што би биле потребни силни мускули. Кај птиците, во просек 16% до 18% од нивната мускулна маса доаѓа од мускулите кои се користат за лет. Кај некои, до 30% од нивната мускулна маса доаѓа од градите. Ова важи и за лилјаците, иако масата се распределува на повеќе мускули. „Тоа е она што ги разликува од структурата на животно што не лета“, вели научникот Хабиб кој ги класира видовите летање во мавтање, лизгање и лебдење. Посебен е проблемот на полетувањето. Треба многу да се мавта, а крилја со распон од 6 метри на  метар и половина човечка висина, потенцијално ќе се искршат. Па, Хабиб дошол до заклучокот дека за луѓето да бидат вистински птици најдобро е да имаат лансирање од позиција , што во авиоиндустријата е познато како четириножно лансирање, кога се полетува вертикално.