Во Општина Новаци градоначалникот Стевче Стевановски одржа итен координативен состанок со претставници од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Територијалната противпожарна единица Битола, ЈП Национални шуми, Полициската станица Новаци и стручната служба на Општината, поради активниот шумски пожар во атарот на село Градешница, кој претставува сериозна закана по животот, имотот и околната природа, особено поради непристапниот терен и можноста од ширење на огнот кон куќите.

Веднаш по состанокот, како што информита Стевановски упатиле итно барање до Центарот за управување со кризи за: ангажирање на противпожарен хеликоптер, испраќање на интервентни возила и тимови од ДЗС, вклучување на 30 припадници на Армијата за гаснење на пожарот на терен.
„Општина Новаци останува целосно мобилизирана и подготвена со својата механизација, логистика и човечки ресурси да делува во заштита на граѓаните и нивниот имот. Ги замолуваме жителите од овој регион за внимателност и соработка со надлежните служби. Секој спасен живот и дом ни е приоритет“ вели Стевановски.
Во информацијата на Центарот за управување со кризи за состојбата со пожарите до 21:00 часот на 28.07.2025 година во активните пожари е и тој во Општина Прилеп: с. Бешиште, Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (Општина Новаци) и крак кон граница со Р. Грција каде не се интервенира поради детонации (мешана шума).












