На последната седница на Советот на Општина Битола каде на дневен ред беа основните училишта, советникот Корлевски во реплика до Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ, кажа дека „ќе“ е ништо.
„Разговараме за училиштата во овој период од четири години. Политика, ќе имате време и простор во кампањата, се надевам ќе разговарате. Сега разговарате во Советот на Општина Битола, со парите на граѓаните што направивте.
Вие велите ништо, ќе, оти ќе е ништо, ќе направиме, а направено се вели еве ова го направивме. Никој не вели дека требаше за еден месец, за три месеци. Вие ветувавте, еве ги сликите. Ако гласате утре готово. Ние ви велевме дека не можите сега последната година. Вие тоа го ветувавте на граѓаните, од говориница, зборуваме како јавен функционер, не го споменувавте како обичен граѓанин или партиски чиновник, зборувавте како заменик градоначалник, како советник“ му реплицираше на Бојкоски, советникот од СДСМ, Борче Корлевски.












