ТЕРА

REKLAMA???

КРАЖБАТА НА ВОДА НА ГЛАВА ЌЕ ВИ ГИ ДОНЕСЕ ОПШТИНСКИОТ ИНСПЕКТОРАТ И СВР

Ќе се преземаат поригорозни мерки против прекршителите кои нелегално користат вода за пиење од ЈКП„Водовод“.

Од јавното претпријатие „Водовод“ денеска информираат дека со Општински инспекторат и инспектори од СВР Битола оствариле средна на која се дискутирало за проблемот со злоупотреба на вода преку нелегални приклучоци и кражба на вода. Па информираат: злоупотребата на водата преку нелегални приклучоци и кражбата на водата нанесуват сериозна штета на јавното претпријатие и е на штета на сите совесни корисници. „Се информира јавноста дека скоја злоупотреба на водата ќе биде предмет на соодветна постапка, согласно важечките законски регулативи. Против сите лица кои ќе врќат кражба на вода или ќе користат диви приклучоци ќе бидат преземени соодветните санкции преку надлежните органи.“

Ова подразбира дека јавното претпријатие оди чекор построго кон прекршителите и наместо како досега нивно регистрирање и следење на потрошувачката, сега сторителите ќе добиваат и прекршочна или  кривична пријава во зависност од големината на украденото.

Затоа што кражбата е кражба.

Според Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води и согласно членот 23 забрането е приклучување на водоводна и канализациона мрежа без одобрение на операторот. Во таква ситуација, а според овој закон, членот 44 ги определува казните во висина од 1.000 до 3.000 евра за сторителите. Постапките ги водат општинските инспектори , и претходно се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за порамнување, пред да поднесат барање за прекршочна постапка. Но, можноста крадците да бидат прекршочно гонети и казнети со повисоки парични казни или казна затвор постои.

Затоа што кражбата е кражба.

А според македонскиот Кривичен законик, членот 235 вели дека „тој што бесправно ќе одземе туѓ подвижен имот со намера противправно да го присвои ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.“ Членот 235 а пак го регулира крадењето на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас.  Оттука и законската можност за примена на овие членови и во случајот на крадците на вода.

ЈКП „Водовод“ – Битола упатува апел до сите граѓани и правни субјекти да ја користат водата на законски начин, а воедно ги охрабрува да пријавуваат евентуални злоупотреби. На крајот од својата информација за јавноста велат и дека „Само со заеднички напори може да се обезбеди правилна распределба на овој драгоцен ресурс.“