ТЕРА

REKLAMA???

КУНОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ГО ПОБЕДЕЛЕ КОЊАНОВСКИ

„Има многу врева околу случувањата во СДСМ, затоа што ги разговараме работите, не зависиме од тоа што ќе го каже лидерот ниту во Скопје, ниту во Битола, јас не се однесувам автократски, ниту на еден состанок да кажам дека ова мора да биде така, туку разговараме за различни верзии, ставаме на маса и мериме различни моменти, за на крајот да биде одлуката на мнозинството“ вели претседателот на битолската СДСМ, Методија Куновски прашан за муабетите во јавноста околу неговиот избор да биде кандидат за градоначалник на Битола и појаснува дека одлуката извира од Битола, а не е донесена од Скопје.

Прашан дали ќе го победи Коњановски, Куновски вели дека се надева оти ќе биде така и додава дека на локалните избори конечно ќе победат граѓаните.

Прашавме за тоа зошто потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски кој ја има највисоката партиска функција како битолчанец во централата во Скопје, не е кандидатот, како што смета дел од јавноста, а и политичките опоненти, но и по примерот за Скопје со потпретседателката Шукова.

Прашавме и за тоа како ја коментира изјавата на претседателката на Советот, Габриела Илиевска дека не го познавала него.

Верува во победа на изборите и ако тоа се случи секако дека ќе го добие клучот од Општината, но вели кога ВМРО ДПМНЕ е во прашање и тоа може да биде дискутабилно.