Вечерва се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија 2022 на која беа избрани и преостанатите десет финалисти за големото финале в сабота.
На евровизиската сцена настапија претставниците на Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Македонија, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.
Македонија со песната на Андреа не обезбеди пласман за финалето в сабота.
На втората полуфинална вечер гласовите одлучија во финалето да влезат Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.













