Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше трговскиот договор што го постигнаа Европската унија и САД.
„За да бидете слободни, мора да се уплашите. Не се плашевме доволно“, изјавил тој пред министри, пренесуваат француски дипломати.
Иако договорот нуди поголема „видливост“ за француските компании, Макрон рече дека тоа е само прв чекор и оти преговорите за него ќе продолжат.
„Сега е поважно од кога било да се забрза европската агенда за суверенитет и конкурентност“, изјави Макрон.
МИА












