Не мора да се има експерт од еу за да се знае дека истражувањето во одредена област ќе биде интердисциплинарно и многукратно корисно. Но, само преку научно-истражувачка работа ќе се зголеми бројот европски експерти со македонски експерти. Македонската држава преку министерството за образование и наука по пауза од 15тина години објави конкурс за финансирање на научно-истражувачки проекти и, седум ( 7) додели на универзитетот Св. Климент Охридски. Претставуваме дел од нив.

„Математички модели во машинско учење за паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност“ e проект na Технолошко – технички факултет – Велес, истражувач, проф. д-р Весна Антоска Knights, a има за цел преку современи математички модели во машинско учење да развие интегриран интелигентен систем кој во реално време ќе врши прецизно предвидување и оптимизирање на нутритивниот квалитет и принос на земојделските прехрамбени производи. Ова е проект во линијата на проектите Horison, кластер 4 и 6 – иновација и истражување. Проектот ќе се реализира 2 академски години, со СМАРТ специјализацијата ќе се даде придонес кон глобалната наука, но и економскиот развој на државата, вели проф. Д-р Везирка Јанкуловска, декан на факултетот.

„Што е значајното, она што Технолоко-технички факултет и универзитетот во целина ќе го добие е што сето знаење коешто ние го имаме од текот на годините и како наставници се усовршуваме, ќе може тука да се имплементира, а тоа значи дека ќе може да се поврзе наука и пракса.“ – вели таа.
Проектот е прв, оригинален, предвидува развивање платформа, систем кадешто ќе се прибираат податоци од различни извори, ќе се направи нивна целосна анализа- хемиска, органска… кои понатаму ќе се користат во производството на храна. Проектот е на проф. д-р Весна Антоска Knights. Вели, ова е развивање на модели за паметно земјоделство и храна со додадена вредност.

„Суштината на проектот е дека ќе се развие една платформа односно еден систем кадешто ќе се прибираат податоци од различни извори. Ќе имаме систем на податоци од дронови, од сензори и лабораториски испитувања. Она што е важно е тоа што ние ќе добиваме податоци во реално време и, ќе се даваат препораки во реално време. “ -вели проф. Кнајтс.
Интердисциплинарноста на проектот ја обезедуваат и професори и студенти од ФИКТ и Факултетот за биотехнички науки и загребскиот факултет за биотехнички науки.
„Актуелноста или релевантноста на проектот е во тоа што проектот има потенцијал и можност да врши навремени прибирања на податоци и превенција, континуирано следење и усогласеност со европските стандарди. Оригиналноста на овој проект се огледува во тоа што ваков проект е прв во Македонија што ги поврзува сите овие видови на податоци. На крај добиваме повисока додадена вредност затоа што, ќе имаме податоци и хемиски анализи на производите пред да се постави системот и откако ќе биде поставен, со тоа што продуктот односно она што ќе се разгледува – јаболко или друго овошје, ќе може да се компарира.“
Вообичаено при планирањето на проекти се бара информација за очекувани резулати. Професорка Кнајтс со сигурност вели зголемена ефикасност , принос и квалитетот на храната со повисока додадена вредност, ќе бидат резултатите од овој иновативен – оригинален проект од областите на дигитална инсдустрија и храна , и , можност за комерцијализација на системот.












