Во изминатиов период покажавме, свесност и конкретни дела, сите заедно докажавме дека политиката мора да се темели на интересите и потребите на граѓаните, дека еден од највисоките приоритети е напредокот и развојот на Битола, вели претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски за синоќешното одбележување на 35 години од формирањето на битолската ВМРО ДПМНЕ.


Прашавме дали повеќе тие ги разбираат граѓаните или пак можеби граганите нив, како и тоа дали за овие четири години локална власт во Битола, дали треба граѓаните да се задоволни од она што е направено во градот.

Коњановски е нивниот кандидат за локалните избори, а синоќа беше и неговата промноција, од другата страна Методија Куновски од СДСМ, го прашавме Милевски дали е изненаден од ова решение со Куновски или очекувале друг или друга.

Милевски на роденденската просалава упати благодарност до основачите на ВМРО ДПМНЕ, како и до основачите на битолската ВМРО ДПМНЕ.












