ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ: КУНОВСКИ Е ИЗБРАН ДА СЕ НОСИ СО ПОРАЗОТ НА ИЗБОРИТЕ

Освен трката за градоначалник на Битола, партиите ги подготвуваат, односно ги составуваат и советничките листи во битката за освојување што повеќе места во новиот состав на Советот на Општина Битола.

Претседателот на битолската ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски вели дека очекуваат и работат на тоа да имаат мнозинство во новиот Совет.

Го прашавме Милевски каде очекува дека Илиевска од Поинаку, ќе ги изненади, како кандидат за градоначалник или со листа на советници.

„Не би сакал околу Илиевска да коментирам, тоа е нивна одлука, сепак каде што мислат, не е проблем, како претседател на ОК ќе ми доволите да не ги коментирам нивните политички одлуки, јас зборувам за ВМРО ДПМНЕ“ вели Милевски.

Милевски го прашавме и за кандидатот на СДСМ, Методија Куновски.

„Во СДСМ има сериозен проблем на распадната структура, која што неминовно доведе до ситуација да биде избран претседателот кој што ќе има предизвик да се носи со поразот“ вели Милевски.