По информацијата од пред неколку дена дека „Алта Банка“ АД Белград има намера да даде понуда за преземање до 100% од обичните акции со право на глас издадени од „Стопанска банка “а.д. Битола, а што беше обајвено на интернет страницата на Македонската берза, сега на истата таа страница како ценовно чувствителни информации, а согласно Правилата за котација, објавено е известувањње за промена на преземачот во рамите на истата групација.
„Известуваме дека согласно Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на ден 25.8.2025 година до Стопанска банка а.д. Битола достави Решение со кое, врз основа на член 1 став 2 од Законот за преземање на акционерски друштва и од Законот за општа управна постапка, постапувајќи по барањето на „Алта Гроуп“ ДОО Белград, Р. Србија за добивање дозвола за понуда за преземање на акционерското друштво Стопанска банка а.д. Битола, на својата седница одржана на ден 19.08.2025 година донела Решение со кое постапката се запира поради промена на преземачот во рамки на истата групација.
Во конкретниот случај, преземачот во Барањето за запирање на постапката истакнал дека останува при намерата за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, односно не се откажал од намерата за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, туку само врши промена на преземачот во рамките на истата групација“ стои во соопштението објавено на интерент страницата на Македонската берза.













