Службата за итна медицинска помош апелира до граѓаните да се приджуваат на прерпоаките на миистерството за здравство за самозаштита од топлотниот бран што ја зафати нашата земја и кој заедно со интензивните ув зраци на сонцето може и предизвикуваат здравствени проблеми кај граѓаните.

„Службата за итна медицинска помош апелира до граѓаните во периодот од 11.00ч до 17.00часот без потреба да не се излегува од дома! “ – вели Д-р Васе Николовска.
„Ако граѓаните имаат потреба, тогаш да внимаваат да си носат светла памучна облека , главата задолжително да биде заштитена со капа, да си носат наочари, по можност да се движат под сенка по улица и задолжително да си носат шишенце со чиста вода.
Што се однесува до исхраната, да се внесува повеќе овошје, зеленчук, добро да бидат измиени и да се запазува хигиената на рацете. Од пијалаци задолжително да се зема чиста вода и да се избегнувааат алкооли пијалоци.“
Посебно внимание треба да се посвети на начинот на живот што го имаат лицата над 65 години – некои навики за пазарување или прошетка ќе мора привремено да бидат прекинати или видоизменети. Специфична е тешкотијата што се чувствува ако сте пред колапс.- објаснува Д-р Васе Николовска.
„Една од групите којашто е ризична, тоа се хроничните болни и лицата над 6—65 години. За нив, да не излегуваат без причина во ова топло време и редовно да си ја земаат својата терапија. Предколапсната состојба се препознава, пацвиентот чувствува енормна топлина, главоболка, вртоглавица и зуење во ушите. Ако е при себе малку да се тргне во место кадешто не е директно изложен на сонце и да му се даде вода да се напие и да си го излади телото.“ – вели Д-р Николовска од СИМП Битола.
Продолженото топло време и високи температури што на мапите се прикажуваат во портокалово ги интензивира деноноќните активности на службата за итна медицинска помош во Битола.
„Имаме благо зголемување на прегледите, било тоа да се однесува во нашата ургентна амбуланта или за посети на терен. Можам да кажам дека за 24 часа имаме отприлика 70 до 80 интервенции , а исто така , бидејчи нашите линии се отворени имаме пациенти коишто се јавуваат во огромен број за совет.“
Физичкото здравје е директно поврзано и со менталното здравје. Топлината кај многумина може да предизвика различна психолошка манифестација за која и не сме свесни, а е карактеристика доколку сме биле прекумерно изложени на топлина.

„Како идат жештините и топлотниот бран, бројот на психички болни лица е зголемен и тие се јавуваат во нашата служба по многу, безброј пати. Од другите заболувања или состојби кај коишто интервенираме се колапсните состојби, проблеми со дишењето и проблеми со крвниот притисок.
Голем број пациенти со психички заболувања коишто се јавуваат на нашите телефони или тие или заедно со нивните блиски да се обратат до соодветните било матични доктори или специјалисти и да се контролира нивната терапија. “
Службата за итна медицинска помош работи деноноќно, а за голем дел од проблемите на граѓаните има и дежурни телефони преку кои може да се информирате за одредена здравствена алармантна состојба.












