ТЕРА

REKLAMA???

НОСИТЕЛ НА „АВАЈА “ ВО ПЕТТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Е РЕМЗИ МЕДИК

На овие парламентарни избори со свои листи во изборните единици е и политичката партија „Аваја“. Во петтата изборна единица носител на листата е Ремзи Медик.

„Со лага, ага не се бидува. Стара поговорка која ја оставиле нашите предци. Во политичка кампања секој користи разни методи за да го победи својот противник. Ширејќи разни лаги и информации за да ги придобие гласовите на народот. Но, народот без разлика на сите такви лаги многу добро знае која е вистинска личност за да ги поведе кон патот за подобра иднина. Само преку единство и оранизиран пристап на зедницата ќе се случат промените. Јас силно верувам и сум убеден дека мојот народ моите подржувачи го делат истото мислење и на 8-ми Мај ке го докажат тоа“ вели Медик.

„Праќаме огромна порака до целата нација.  Ќе се избориме за нашите права! Ќе ги освоиме највисоките врвови и ќе го поставиме Ромското знаме таму горе да се вее за сите да го видат!

Аваја е тука, со чест и знаење за народот“ е пораката на „Аваја“ за парламентарните избори.

Планот од 10 точки вклучува и поттикнување на ромското претприемништво, поттикнување на напредокот.

„Поттикнувајќи го економскиот раст и иновациите, ние ги поддржуваме нашите претприемачи да ги водат напорите кон просперитетна иднина за сите“ велат од Аваја.

Претседателот на политичката партија Аваја, Акиф Кариман вели дека доста беше од политика на страв. Време е и ние ромите да застанеме на нозе. Од нас за нас, ветуваме дека ќе го подобриме системот и ќе донесеме праведност!