ТЕРА

REKLAMA???

ПАТ ОД ГОЛЕМО ЕЗЕРО ДО БРАЈЧИНО – НОВА ИНИЦИЈАТИВА

Климатските промени и се поголемите предвидувања на климатолозите дека во следниот период од веков опасноста од шумските пожари ќе биде поголема, доведе до првите чекори на НП Пелистер кон поврзување на врвот Пелистер со селото Брајчино од страната на Големо Езеро. За ова информираше директорот Иванчо Тошевски во рамки на вчерашната промотивна туристичка тура.

Високо над Битола, каде што шумата постепено преминува во карпести врвови, а ледничките форми сè уште го чуваат печатот на последното ледено доба, започнува еден од најавтентичните планински предели во Македонија. Тука, во Националниот парк Пелистер, секој врв, секоја ледничка депресија и секоја стара планинска патека имаат своја приказна.

Брајчино се наоѓа на јужните падини од Баба планина и врвот Пелистер.  Од Магарево , преку Трново, па Ниже поле до Големоп Езеро, сточари, трговци и шумари се движеле по патишта кои ние ги дефинираме како стари планинарски. А историјата и археологијата, иако комплетно не домапирано, говорат и наоѓаат докази за преминување на планината баба кон Преспанско Езеро. А фактот дека во Брајчино има средновековна кула, говори за оваа традиција.

Најновата иницијатива на НП Пелистер за којашто им е потребна и политичка и финансиска поддршка е поврзување на двете стрени и селата со пат – Трново – Големо Езеро, Големо Езеро – Брајчино.

Во архивата на Воениот географски институт во Виена или пак на старите југословенски тоографски карти можеби може да се најде патот за кој сеуште усно се пренесува знаењето дека го направила француската армија во првата светска воја; пат кој поминува под врвовитѕе Голема грива, Муза, Баба, и Шкемби Руфе кој по својата форма наликува на природна пирамида. Од оваа страна стигнува до местото наречено Орлова порта и Орлови Бари. Ова е простор кадешто денеска, еден век подоцна се гледаат остатоци од рововите но и куќарките на француската војска. Од другата страна се наоѓа и басенот на езерото Руфи, испразнето за потребите на луѓето.

Со подобра пристапност, посетителите би можеле да откриваат природни богатства како Орловите Бари, Рупа и останатите планински предели, но истовремено би се овозможила и поголема заштита на природата преку подобар мониторинг и контрола на територијата.

Пелистер има потенцијал да стане уште поатрактивна дестинација за љубителите на природата, планинарењето и авантуристичкиот туризам, а стариот пат би можел да биде врска меѓу природното наследство, историската приказна и новата туристичка понуда на регионот.