ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ПРВПАТ ЗАГУБИ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН, ГОСТИВАР ГО ИЗНЕНАДИ ЛИДЕРОТ

КК Пелистер – КК Гостивар 71-72

Неверојатен натпревар со големи пресврти одиграа Пелистер и Гостивар во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Гостите пропуштија +15, па лидерот се врати и поведе, но со тројката на Ефремовски од табла на осум секунди до крајот Гостивар стигна до победа.

Најефикасни кај Пелистер беа Малешевиќ со 21 и Стајиќ со 15 поени, додека во тимот на Гостивар се истакнаа Силаџи со 31 и Ренато Димитриевски со 13 поени.

За време на викендот во Битола гостува Еуро Никел в недела од 14:00 часот во рамите од четвртото коло на Суперлигата.