ТЕРА

REKLAMA???

ПИРОТЕХНИКА И СОЛЗАВЕЦ НА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА

На синоќешните протести низ Србија се повредени 42 полицајци, од кои 26 во Белград, 7 во Ваљево, 9 во Панчево, додека 37 луѓе се приведени. Тоа го изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ околу полноќ откако полицијата воспостави јавен ред и мир во Белград и во дел од другите градови низ државата каде имаше антивладини протести втор ден по ред, јавува МИА.

Во повеќе од 30 градови во Србија синоќа се одржува протести под слоганот „Вечерва пукате по шевовите“, организирани од студентите во блокада, а во кои учествуваат и голем број граѓани.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е можно да се види дека „прекрасните деца“ се само луѓе кои сакаат да уништат имот и истакна дека утре ќе има многу повеќе апсења отколку што имаше во изминатите два дена.

Пиротехнички средства беа испукани синоќа од приврзаници и симпатизери на владејачката СНС кон демонстранти во Белград кои протестираат во близина на центарот на градот.

Полицијата и жандармеријата ги потиснуваат демонстрантите откако групата почна да фрлаат пиротехнички средства. Белградски медиуми јавија дека полицијата употребила солзавец за да растера демонстранти.