ТЕРА

REKLAMA???

ПОБАРАНА ДОПОЛНИТЕЛНА ПОМОШ ЗА ПОЖАРОТ ВО ПРЕСПА

Два ер-трактори претпладнево го гаснеа пожарот кој избувна во атарот на преспанските села Езерани, Волкодери и Покрвеник. Од секторот за односи со јавност на Општина Ресен, за МИА попладнево потврдија дека побарана е помош за дополнително дејствување на ер-трактор и гаснење на огнот кој не е локализиран.

Од Македонското еколошко друштво попалднево објавија дека ситуацијата во Езерани останува критична и дека пожарот се приближува до околните населени места и потребна е одлучна и координирана интервенција!

„Ова заштитено подрачје сместено на северното езерско крајбрежје важи за едно од најзначајните подрачја за биолошка разновидност во Преспанскиот регион и во државата, дом на голем број растителни и животински видови кои во моментот се жртва на пламените јазици. Освен негативните последици врз биодиверзитетот, пожарот несомнено ќе се одрази негативно и врз целиот Преспански предел, дополнително ќе биде нарушена состојбата на Езерото, како и квалитетот на живот на локалното население! Под ризик се приватните поседи и овоштарниците од населените места кои граничат со Паркот“ велат од Македонското еколошко друштво.