ТЕРА

REKLAMA???

ПОЖАРИТЕ НА ОТВОРЕНО ПОГОЛЕМИ АЕРОЗАГАДУВАЧИ ОД ВООБИЧАЕНИТЕ

Eкстремно високите температури на воздухот го зголемуваат бројот на пожари на отворено, што, според научниците, претставува огромно аеро-загадување и предизвикува штета на човековото здравје повеќе од тоа што потенцијално се предизвикува во зима со континуираното загадување од различните извори на канцерогените честички.

Организациите за спречување на пожари и организациите кои се борат за зачувување на светските и посебно европските шуми деновиве се загрижени од штетатат што пожарите ја предизвикуваат во европските земји. Се предвидува дека шумските пожари ќе станат почести, поинтензивни и подолготрајни под климатските промени, значително зголемувајќи ја изложеноста на населението на чад од шумски пожари. А  чадот што предизвикува задушување исфрлен од шумските пожари е многу поопасен отколку што се мислеше претходно, покажа нова студија, при што бројот на смртни случаи од краткотрајна изложеност на фини честички е потценет за 93%.

Истражувачите на ISGlobal – центар за научно истражување и трансфер на знаење посветен на глобалното здравје сместен во Барселона,  откриле дека 535 луѓе во Европа умирале во просек секоја година помеѓу 2004 и 2022 година како резултат на вдишување на ситните токсични честички познати како PM2.5 кои се ослободуваат кога беснеат шумски пожари. Според стандардните методи, кои претпоставуваат дека PM2.5 од шумските пожари се исто толку смртоносни како и од други извори, како што е сообраќајот на пример,  тие би очекувале само 38 смртни случаи годишно. За секој дополнителен микрограм PM2.5 што загадува 1 кубен метар воздух, тие открија дека смртноста од сите причини се зголемила за 0,7%, респираторната смртност се зголемила за 1%, а кардиоваскуларната смртност се зголемила за 0,9%.

„Студијата доаѓа во време кога шумските пожари беснеат во јужна Европа, а новите податоци од мониторите за пожари на ЕУ покажуваат дека досега во 2025 година изгореле 895.000 хектари (2,2 милиони акри), соборувајќи рекорди за ова време од годината. Тие испуштиле повеќе од двојно повеќе PM2,5 од она што шумските пожари го генерирале во просек до овој момент од годината во последните две децении.“

„Катастрофалните пожари, влошени од немилосрдната топлина, се директна причина за смртта на луѓе низ јужна Европа и Балканот во последните недели. Но, смртните случаи од токсичните испарувања што ги испуштаат пожарите веројатно ќе останат незабележани, затоа што засега никој не го следи параметарот откако во околината имало пожар, а токсичното загадување се прелева во домовите и не помагаат ниту прочистувачите на воздух. Шумарите велат дека ризикот од пожари  во Европа се зголемил бидејќи емисиите на стакленички гасови ја загреаа планетата и ја исушија вегетацијата во некои региони.“

„Ефикасното ублажување на зголемените влијанија врз здравјето бара долгорочно планирање, врз основа на интеграција на моделирање на климата, проценка на изложеноста и докази од епидемиологијата. Пристапите за намалување на изложеноста на чад од шумски пожари, вклучувајќи системи за рано предупредување, филтрирање на воздухот во затворен простор и други мерки, можат да бидат вградени во поширока рамка за политика за јавно здравје и адаптација на климатските промени.“ – пишува на тематата британски „Гардијан.“

 

 

Насловна фотографија: Michael Held/unsplash