Од противпожарната единица на Битола информираат дека примена била дојава во 13:25 часот, за запалена трева и ѓубре над депонија „Мегленци“ во Општина Новаци.
Интервенирале со 5 возила и 15 пожарникари. Пожарот е под целосна контрола во 21:30 часот, каде дел од ѓубрето сеуште гори, но нема опасност од негово проширување.
Дел од екипите на ТППЕ Битола остануваат на терен се до целосно локализирање на пожарот.
И од комуналното претпријатие „Комунална Хигиена“ на Општина Новаци рекоа дека нема опасност.
















