Интензивни дождови го погодија североисточниот дел на Шпанија, вклучувајќи ја и Каталонија, каде што железничкиот сообраќај беше целосно прекинат неколку часа, а властите пријавија и поплави.
Според метеоролошката агенција „Аемет“, која попладне стави голем дел од Каталонија во црвена тревога, во некои области наврнале повеќе од 100 литри дожд на метар квадратен за неколку часа.
Обилните дождови предизвикаа поплави, меѓу другото, и во болница во Барселона, која мораше да одбие прием на нови пациенти по прекин на електричната енергија.
На аеродромот во Барселона, авион што полета за САД мораше да се врати откако неговиот нос беше оштетен од град, според контролорите на летање.
МИА












