Носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Филип Поповски им се заблагодари на битолчани за огромната поддршка и доверба што им ја укажаа.
„Победата на ВМРО-ДПМНЕ во Битола е победа на народот. Како носител на победничката советничка листа, искрено ви благодарам што со вашиот глас овозможивте да имаме мнозинство во Советот, а истовремено нашиот кандидат за градоначалник, д-р Тони Коњановски, да победи уште во првиот круг.
Ова не е само изборен резултат – ова е обврска: да служиме чесно, да работиме посветено и да покажеме дека Битола може и заслужува многу подобро. Ветуваме дека вашата доверба ќе ја оправдаме со дела – со развој, напредок и вистински промени што ќе се почувствуваат во секое маало и во секое семејство.
Благодарам на сите што застанаа зад нас. Заедно ја почнуваме новата приказна за Битола. Продолжуваме посилно – за Битола каква што сите ја сакаме“ вели Поповски.












