Колку од македонските бизниси или компании се подготвени за предизвик, работникот да е заштитен со закон доколку го игнорира шефот по завршување на работното време. За нас можеби звучи чудно, но во Европа многу земји го применуваат правото на исклучување.
Што е право на исклучување?
Обично во петок ја слушате фразата „конечно петок,почнува викенд”, бидејќи за многумина тој е последниот работен во неделата. Зависно од позицијата на која работите, викендот може да биде релативна работа, зошто токму тогаш асистентот на вашиот претпоставен може да ви испрати имеал или смс порака, со задачи кои треба да ги разгледате пред стартот на новата работна седмица.

Во оваа насока Велика Британија размислувада им даде на работниците „право да се исклучат”, односно право да ги игнорираат е-поштата и телефонските повици поврзани со работата за време на часовите надвор од работното место, без последици. Тоа доаѓа по ветувањето во предизборната кампања на новата лабуристичка влада, кое им овозможува на работниците да се исклучат од работа надвор од работното време и да одбијат дополнителна работа за време на викендите. Но, „правото на исклучување” не е нов концепт и веќе е прифатено од неколку европски земји. Европската унија го дефинира правото на исклучување како „право на работникот да може да се исклучи од работа и да се воздржува од ангажирање во електронски комуникации поврзани со работата, како што се е-пошта или други пораки, за време на неработно време”.Еве како некои од нив го имплементирале. Франција во делот на „правото за исклучување ” се смета за пионер со донесувањето на легислативата во 2016 која им го овозможува ова право на работниците. Компаниите со над 50 вработени се обврзани да потпишат член во кој ќе наведат специфицирана сатница кога вработените не смеатт да примаат или праќаат електронска пошта, додека пак оние фирми кои не ги следат правилата може да се соочат со потенцијална казна од 3750 евра или до една година затвор.Во 2022 Белгија беше земјата која така нареченото исклучување го преточи во закон, првично наменет за државните службеници за во 23 та да го промени и намени за сите компании кои имаат над 20 вработени.
Белгија одобрува и четиридневна недела и им дава право на вработените да ги игнорираат своите шефови после работа. Како и да е има закон но нема санкции за компаниите што не го почитуваат и секако исклучок се службите за итна интервенција. Португалија го смета незаконско, вашиот шеф да ви пишува пораки по работа. Во Шпанија работниците на далечина имаат право дигитално да се исклучат надвор од нивното работно време. Работодавачот, исто така, мора да подготви внатрешна политика за правото на исклучување и да обезбеди обука за персоналот за разумна употреба на технолошки алатки. Португалија својот закон го нарекува „право на одмор”, кој го воведе во 2021 година. Компаниите со повеќе од 10 вработени би можеле да се соочат со парични казни доколку контактираат со вработените надвор од нивните работни часови. Но, работодавачот може да го контактира работникот во случаи на виша сила. Меѓутоа, злоупотребата на овој исклучок може да се гони како тежок работен прекршок.
Во Италија, правото на исклучување спаѓа под таканаречениот законски закон за „паметно работење”. Законодавството бара секој договор за далечинско работење да мора да ги детализира специфичните технички и организациски чекори потребни за да се осигура дека вработениот може целосно да се исклучи од електронските уреди поврзани со работата. Договорот мора да ги идентификува и периодите за одмор. „Правото на исклучување” е воспоставено во грчкиот закон во 2022 година. Тоа значи дека работниците од далечина мора целосно да се воздржуваат од обезбедување работа, особено кога комуницираат преку е-пошта или телефон, за време на неработно време и празници. Законот забранува и дискриминација на вработените кои го користат правото на исклучување.

Европскиот парламент сака да го промени тоа и на 21 јануари 2021 година ја повика Комисијата да донесе закон со кој ќе им се овозможи на вработените да се исклучат од работа за време на неработни часови без последици и да постави минимални стандарди за работа на далечина. „Правото на исклучување” стана сè поважно откако во пандемијата COVID-19 стана сè поприсутна работата од дома. Европскиот парламент соопшти дека прекините на неработното време и продолжувањето на работното време може да го зголемат ризикот од неплатено прекувремена работа, може да му наштетат на здравјето, рамнотежата помеѓу работата и животот и одморот од работа. Како одговор, Комисијата во април 2024 година ја започна првата фаза консултации со европските социјални партнери за да се соберат нивните ставови за можниот правец на дејствување на ЕУ за обезбедување фер далечинска работа и право на исклучување.













