Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и партијата од која што е ВМРО ДПМНЕ и која му довери уште една кандидатура за уште еден мандат за градоначалник на Битола, започнаа да организираат средби со жителите од урбаните заедници.
Вчера беа на средби во урбаните заедници „Блаже Рогозинаро“, „Коле Канински“, „Борис Бастеро“ и „Александар Турунџев“.
„Преку кампањата „Предложи идеја“, жителите имаат можност директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобра иднина на Битола. Битола ја градиме заедно со граѓаните секој глас е важен, секоја идеја е добредојдена“ обавија и Коњановски и партијата на социјалните медиуми.








Фото: ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола












