ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕЗЕНТИРАНА ИЗЛОЖБАТА НА КОПАНИЦИ „УМЕТНОСТ ВО ДРВО“ ВО БИТОЛА

Македонија од секогаш имала прочуени резбари во дрво, кои оставиле зад себе драгоцени копаничарски дела. Традицијата не згаснува. Па така во рамките на 53. фестивал “Илинденски денови“ беше отворена изложбата на копаници “Уметност во дрво“, по повод 30 години јубилеј на Здружението на копаничари. 

Изложбата која се отвори во културниот центар Магаза, Центарот за култура од Битола ја организираше во соработка со Здружението на копаничари на Македонија. На отварањето на присутните им се обрати директорката  Маја Андоновска – Илиевски.

Копаничарство или дрворез е уметност во која целосно се внесува душата на резбачот, традицијата на народот на кој припаѓа, обележјата на времето во кое создава, својата душа ја презентира преку вештината и техниката од своите раце кои го преобликуваат парчето дрво.

Здружението на копаничарите на Македонија било основано на 1993 година во Битола од страна на копаничарите Никола Прчков, Злате Крстески и Мирко Гашпарец и се занимава со промовирање на копаничарството, негова афирмација и продолжување на македонската копаничарска традиција. Првата изложба на членовите на здружението била во истата 1993 година, од 10 до 23 мај во Ликовната галерија во Битола. 

Оваа година фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ се одржува под мотото „Отворен круг” и е со најобемна програма досега која предвидува 61 настан и повеќе од 1.200 гости кои доаѓаат од 19 земји.