Поради дефект на 110 КВ далновод вечерва без електрична енергија беше цел град Прилеп, потегот на селата кои гравитираат кон Битола и дел од селата во Општина Кавадарци.
Како што околу 21:00 часот информираа од Центарот за управување со кризи екипите на МЕПСО се на терен и работат на отстранување на дефектот.
„Од МЕПСО сме информирани дека за кратко време, односно најдоцна за 2 часа дефектот ќе биде саниран“ стои во информацијата на ЦУК.












