ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМОЦИЈА НА КАНДИДАТУРАТА ЗА ВТОР ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МАНДАТ

„Вечерва заедно го одбележавме почетокот на една нова и силна приказна за Општина Новаци. Вашето присуство, поддршка и доверба ми даваат уште поголема мотивација да работам чесно и посветено за сите нас“, рече во своето обраќање актуелниот градоначалник на Новаци, Стевановски, кој воедно е номиниран од партијата за изборната трка за уште градоначалнички мандат.

Пред четири години, ми ја дадовте честа и одговорноста да ја водам нашата општина. Тогаш ја презедов Општина Новаци со повеќе од 1 милион евра долг. Денес, со гордост можам да кажам дека ги отплативме долговите, ги израмнивме сметките и ја изградивме основата за просперитетна Општина Новаци, рече тој.

„Во изминатите четири години реализиравме над 150 проекти со вкупна вредност од 4 милиони евра. Од капитални инфраструктурни инвестиции, нови патишта и улици, канализациони и водоводни мрежи, па сè до вложувања во образованието, младите, спортот и културата – докажавме дека кога се работи чесно, посветено и домаќински резултатите не изостануваат. Денес пред вас стојам со чувство на исполнетост, но и со нова енергија, визија и решеност – затоа што на Општина Новаци ѝ претстојат уште подобри години!  Искрена благодарност до Македонската Влада и до премиерот д-р Христијан Мицкоски за поддршката и визијата која се претвора во конкретни дела“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Новаци.

Заедно продолжуваме напред, со проекти што ќе го подобрат животот во секое село и секоја улица во нашата општина. Ви ветувам дека нема да ве изневерам. Заедно со ВМРО-ДПМНЕ и со силен тим, ќе го направиме Новаци уште подобро место за живеење, кажа тој.

„Сакам да истакнам дека во моментов во Општина Новаци се реализира еден од најголемите проекти во историјата на нашата општина – изградба на трите главни улици што ќе ја поврзат новата Индустриска зона Златен клас, во должина од 1.5 км и вредност од околу 60 милиони денари. Ова не е само инфраструктура – ова е пат кон економски раст, нови инвестиции и подобар живот за сите граѓани во Новаци и регионот. Изградивме комплетно  нова водоводната и канализационата мрежа на улиците кои водат до новата Индустриска зона“ рече тој.

Стевановски зборуваше и за изградбата на пречистителната стануца во Добромири, за модерната спортско рекреативна патека која ќе значи поврзување на Новаци со манастирот Рождество на Пресвета Богородица, во изминатите 4 години во Општина Новаци се асфалтираа, реконструираа и рехабилитираа околу 10 километри локални патишта и улици, тротоари, цевководи за водоснабдување, атмосферска канализација. Зборуваше и за вложувањњето во образованието, обезбеден топол оброк за учениците, стипендии за студентите, кажа и за темелната реконструкција на фудбалскиот стадион, дека вложуваат во проекти за младите, како и заштитата на културното наслество. Збор два и за како што рече, кочењето од претходната влада.

„Претходната Влада, владата на СДС упорно ги кочеше и не дозволуваше реализација на два мои ветени проекти во претходната кампања а тоа се изградба на бушотини и систем за наводнување на земјоделските површини во Новаци и Добромири од акумулацијата Суводол. Сакам да најавам дека системот за наводнување и 19- те бушотини во неколку населени места, ќе започнат да се реализираат до крајот на оваа година“ рече градоначалникот на Новаци.

Заедно покажавме дека и мала општина може да прави големи чекори, рече тој и соопшти дека подготвуваат нови проекти. На синоќешната промоција се обрати и генералниот секртар на партијата Ѓоргија Сајкоски.

Тој на партијата во Новаци и го честиташе 30 роденден, а упати честитки за ангажманот и на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Новаци, Илче Трајковски, кој на почетокот на промоцијата зборуваше за 30-тиот роденден на нивниот општински комитет.