ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТИ НИЗ СРБИЈА, ГОЛЕМИ СУДИРИ ВО НОВИ САД

Српскиот претседател изјави дека во Нови Сад има 64 повредени поддржувачи на СНС и додаде дека „нема да има милост за оние што тепаат и се закануваат“. Александар Вучиќ нагласи дека „нема да има граѓанска војна“ и повика на разговор, објави МИА.

Во Нови Сад, членови и симпатизери на СНС повторно ги нападнаа учесниците на протестот со пиротехнички средства. Кон нив беа фрлани петарди и пиротехника.

Протести синоќа имаше во 30-на градови низ Србија поради нападот на поддржувачите на СНС што се случи синоќа во Врбас и во Бачка Паланка, кога кон демонстрантите беа фрлани пиротехнички средства и други предмети.

Во Врбас, 16 полицајци беа повредени, додека 52 граѓани се пријавија во болница со разни повреди, истакна директорот на полицијата Драган Васиљевиќ, зборувајќи за синоќешните протести во Врбас и Бачка Паланка.

Во Нов Белград дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата во близина на седиштето на Српската напредна странка при што полицијата употреби солзавец.

Полицијата употреби солзавец и топовски истрели за да ги потисне стотиците демонстранти кои се движеа кон просториите на СНС. Полицијата се обидва да ги растера демонстрантите кон зградата на Општина Нов Белград.

Граѓаните и студенти во блокада кои се движеа кон Парламентот и Пионирски парк  каде се студентите кои се против блокади, беа запрени од српската жамдармерија кај Уставниот суд. Кон луѓето кои протестираат од страна на насобраните кај Собранието, беа фрлани шишиња и пиротехника.