Преку 90 проценти е реализирано од она што го ветивме на локалните избори во 2021 година, вели во интервју за Актуел на Тера, градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски кој додава дека од преостанатото остануваат уште некои проекти кои се во тек на реализација или ќе се реализираат во овој, заради административни причини.
Стевановски зборува и за тоа дека кога го презеде раководењето на општината затекнал лоша финансиска состојба, општината била во големи долгови некаде над 1,2 милиони евра, што за општина како Новаци е голема сума, но успеал со домаќинско и чесно работење да ја стабилизира општината, а потоа почнале да ги реализираат проектите.
Се справиле и со енергетската криза, а во овие четири години изградиле или реконструирале локални улици и патишта во должина од повеќе од 10 км, максимално се вложиме во изградбата на новата индустриска зона, поврзана со улици по сите стандарди, со повеќе од 15 парцели на површина од 20-тина хектари, а две-третии од парцелите се продадени.
Со средства од унгарскиот кредит ќе ја изградат целокупната инфраструктура во индусртриската зона.
Со него зборувавме и за мерките кои како општина ги презеле за задржување и на младите, да останат дома и тука да работата и создаваат.
Тој го коментираше и решението на СДСМ за кандидат за градоначалник со кој ќе ги одмерат силите на есенските избори, бидејќи Стевановски од партијата ја доби довербата, односно кандидатурата за уште еден градоначалнички мандат.
Утревечер пак е Фестивалот на жетвата, кој почна со неговото доаѓање како градоначалник и имал за цел да направи фестивал за основната земјоделска култура во општината, а тоа е пченицата, во општина која е најголем произбодител на лебното жито.
Започнува утревечер во 19:00 часот, а ќе продолжи и в сабота во истото време.












