Дали тоа што беше трка за освојување на вселената во времето на студената војна се повторува сега со Вештачката интелигенција. Трамп со свој потпис ги тргна поголемиот број забрани за експериментирање со способностите на вештачката интелигенвија, Кина разви семејство на роботи и андроиди и ги претставува надградени и проширени на секој саем. На конференцијата и саемот што започна на 26 јули а завршија пред два дена се виде прогресот, политиката и стравот на човештвото од сопствената креација .
WAIC 2025 во Шангај што заврши пред два дена за многумина е најголемиот собир на роботи и вештачка интелигенција. Го нуди тоа што веројатно ќе биде најпрвин тренд кај тие што се сметаат елита, а потоа и кај сите други вброени во обичен свет – роботи кои помагаат низ дома, вредни работници и другарчиња за сите прилики.

Осмото издание на Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC) 2025 заврши на 28 јули, со над 50.000 посетители низ Светскиот изложбен центар во Шангај и Западниот брег.
Тематски определен „Глобална солидарност во ерата на вештачката интелигенција“, WAIC 2025 го потврди својот статус како водечки самит за етички развој, колаборативно управување и гранични технологии. Но, токму тука се скршиле копјата на Кина и САД. Кина од светот бара меѓународната координација за справување со ризиците од вештачката интелигенција, како што се дезинформациите и пристрасноста.


Еве зошто: На саемот доминирала Отелотворена интелигенција: Роботите се во центарот на вниманието, кои покажале просторно учење преку моделот Alpha Brain, роботи кои демонстрирале можности за мултитаскинг – од логистичко ракување до музички изведби. Семејството роботи ги изведувало своите секојдневни работи – како роботи за општа намена справувајќи се со индустриски задачи и организирање на т.н смарт, паметни градови.

Кина на овој саем повика против монополските контроли: „Вештачката интелигенција не смее да стане ексклузивна игра за неколку нации или компании“. Планот на САД е во остра спротивност: се фокусира на поедноставување на регулативата и обезбедување стратешка предност. Кина има над 5.000 фирми за вештачка интелигенција и е лидер во генеративните патенти за вештачка интелигенција. Но, Моделите на DeepSeek и Moonshot го потресоа Вол Стрит поради ниската цена и високите перформанси. Ви требаат околу 6.000 долари.

Саемот многумина ги потсети на филмот Вештачка интелигенција на Спилберг од 2001 година, дојдоа до заклучокот дека политичката трка за надмоќ води до развивање роботи или вештачка интелигенција којашто е свесна за сопственото постоење, развива емоции и соодветно расудува. A тоа e идејата дека машините би можеле да еволуираат побрзо од луѓето.

„Не направија премногу паметни, брзи и многубројни. Ние страдамe заради нивната грешка и кога ќе дојде крајот на светот, се што ќе остане сме ние.“ – вели андроидот Jude Law на детето Haley Joel Osment коешто не знае дека е машина.
фотографии: WAIC 2025 / постер на филмот Вештачка Интелигенција












