Синоќа на плоштадот во Могила се одржа промоцијата на кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Драганчо Саботковски за уште еден градоначалнички мандат на Општина Могила.
Во присуство и на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајковски, колеги градоначалници, пратеници, советници, директори, ветерани, жени и млади во ВМРО-ДПМНЕ, жители на општина Могила, Саботковски кажа дека во изминатите години заедно поминале многу и предизвици и успеси.

„Градевме, расчистувавме, се боревме со долгови, со проблеми, со неправди. И никогаш не се откажавме. Заедно изградивме нова слика за Могила – општина што чекори напред, со јасна визија и реални проекти. Со ваша поддршка, ќе продолжиме заедно“ рече Саботковски.

Во својот говор кажа дека ова не се ветувања, туку конкретни дела што го менуваат животот во Могила, а дека тоа е доказ дека кога има вистинска соработка помеѓу локалната и централната власт, резултатите се видливи и мерливи“, истакна градоначалникот на Могила, кој ја доби можноста од партијата за битка за втор градоначалнички мандат.

„Кога ја презедов одговорноста да ја водам општина Могила, се соочивме со огромни финансиски предизвици – со долг од 28 милиони денари и само 600.000 денари на сметка. Денес, со дисциплинирано управување, над 80% од тој долг е веќе исплатен. Општината функционира стабилно, со јасна развојна насока и конкретни резултати. Три години наназад ја водиме Могила во услови на блокади и игнорирање од страна на тогашната централна власт предводена од СДСМ. Но тоа ВРЕМЕ ПОМИНА. Денес имаме нова влада предводена од ВМРО- ДПМНЕ – влада која помага дирекно на Општина Могила, вложува во сите општини, без разлика каде живеат граѓаните. Во само една година од новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ добивме повеќе поддршка, проекти и инвестиции отколку што имавме добиено во претходните три години заедно. Тоа значи дека оваа и следната година ќе изградиме повеќе отколку што се изградило во последните осум години заедно! Кога има волја, кога има искрена соработка помеѓу локалната и централната власт – резултатите се видливи. Благодарение на поддршката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, ние имаме сила, капацитет и визија за вистинска трансформација“ истакна Саботковски.

Тој рече дека целта е јасна да ја направат Могила место каде што се живее достоинствено, место од каде младите не заминуваат, туку се враќаат, место каде што сите без поделби ја градат иднината.
Во односно на инфраструктурата посебен акцент стави на проектите што во моментов активно се реализираат на територијата на општина Могила.

„Во тек е асфалтирање на повеќе од 30 улици низ целата општина, со средства од општинскиот Буџет во вредност од над 35 милиони денари. Градежни активности се одвиваат во селата: Могила, Беранци, Српци, Ивањевци, Вашарејца, Трновци, Свето Тодори, Добрушево и Ношпал – инвестиции што значат побезбедна инфраструктура за сите граѓани.
Во село Мусинци, во подготовка е асфалтирање на улицата која води до манастирот „Света Петка“, инвестиција вредна 12 милиони денари, со што дополнително се поддржува и верскиот и рурален туризам. Преку Министерството за транспорт веќе се изградени две улици: улицата „Шемница“ во Могила и главната улица во Трновци Дополнително, потпишан е договор за изградба на улицата „АСНОМ“ во Могила, исто така во соработка со Министерството за транспорт. Вкупната вредност на овие три улици изнесува околу 600 илјади евра, средства обезбедени директно од централната власт.

Особено сум горд што општина Могила денес може да се пофали со вистинска градежна офанзива – со рекорден број на асфалтирани улици, повеќе отколку кога било досега. Ова е доказ дека кога работиме посветено, транспарентно и со јасна визија – резултатите не доцнат. Могила станува современа општина, достојна за сите нејзини жители!
Со сопствени средства од Буџетот на Општина Могила, Асфалтирана е главната улица „Димче Могилчето“, каде се изградени и нови тротоари. Центарот на Могила доби сосема нов, модерен изглед – со хортикултурно уреден кружен тек и ново улично осветлување. Дополнително, се асфалтираа три улици во селата Српци, Беранци и Могила, што претставува директен одговор на потребите на локалното население.

Со дирекна заложба на премиерот Христијан Мицкоски обезбедени се 250 милиони евра за општините, проект кој го спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и веќе се потпишани договори за асфалтирање на неколку клучни улици во нашата општина – улиците „Пелагонија“ и „Гоце Делчев“ во Могила, како и улицата која ги поврзува селата Српци и Беранци. Овие капитални инвестиции се од огромно значење за жителите – не само затоа што ја подобруваат инфраструктурата, туку затоа што го олеснуваат секојдневието и го подигнуваат животниот стандард во нашата општина“ рече Саботковски.
Клучен проект од особено значење, со поддршка од Владата, рече тој се дообезбедија средства за целосна реализација на проектот за изградба на главен доводен цевковод за водоснабдување на дури девет села: Беранци, Долни Српци, Ивањевци, Свето Тодори, Подино, Трновци, Вашарејца, Новоселани и Лознани.

„Проектот опфаќа 24 километри водоводна мрежа и ќе обезбеди квалитетно водоснабдување за над 2000 жители на општина Могила. Вкупната вредност на овој капитален зафат е 1 милион евра. Ова не се ветувања – ова се конкретни дела што го менуваат животот во Могила. Тоа е доказ дека кога има вистинска соработка помеѓу локалната и централната власт, резултатите се видливи и мерливи! Индустрискиот развој е еден од стратешките приоритети на Општина Могила. Со гордост можам да најавам дека индустриската зона „Петилеп“ конечно започна со инфраструктурно уредување – проект кој долго време беше само план, а сега станува реалност. Изграден е водоводниот систем во зоната – прв и клучен чекор за создавање на услови за економски развој и привлекување на инвеститори. А токму тоа и се случува – започнаа првите инвестиции во индустриската зона „Петилеп“, што е јасен сигнал дека Могила станува препознатлива дестинација за бизнис и производство. Покрај водоводот, продолжуваме со понатамошно инфраструктурно уредување – ќе следуваат изградба на пристапни патишта, електрификација и други потребни елементи за целосно функционирање на зоната. Целта е јасна: да создадеме услови за нови работни места, економски раст и останување на младите во општината. Во село Добрушево изграден е објект кој е наменет за предшколско образование и пензионерски клуб, каде најмалите и највозрасните ќе имаат можност за дружби и социјализација. Направени се соодветни санитарни чворови, кујна, простор за занимална и престој за децата и се опремува пензионерскиот клуб согласно потребите на пензионерите, каде ќе имаат можност за дружби и спокојни пензионерски денови. Во сите наши проекти се залагаме да бидат опфатени потребите на сите возрасни категории.
Во три фази изградена се 3000 метри канализациона мрежа во село Добрушево во вредност од над 15 милиони денари, со што се изгради значаен дел од целокупната канализација. Овој месец започнува нова фаза од изградбата на канализацијата, со дополнителна инвестиција од 6 милиони денари, со што поголем дел од селото е опфатено и во наредниот период жителите ќе може да се приклучат на истата, што претставува сериозен чекор напред во обезбедувањето на современи комунални услови и поквалитетно секојдневие. Да напоменам дека во овие 29 години изградена е канализациона мрежа само во населено место Могила. Обезбедени и одобрени се средства од 496 000 евра за целосна канализациона мрежа и во село Ивањевци, во најскоро време и село Ивањевци ќе има комплетна канализациона мрежа“ истакна тој.

Тој зборуваше и за тоа дека интензивно се гради првата градинка во општина Могила со капацитет од 40 деца, значаен проект за жителите на општина Могила.
„Со проектот за општо-корисна работа функционираат Центрите за ран детски развој во Могила, Добрушево и село Српци, за кои секоја година обезбедуваме комплетен училишен прибор за нормално изведување на програмата и бесплатно згрижување на децата од 3 до 6 години. Веќе четврта година по ред, општина Могила обезбедува еднократна финансиска помош и училишен прибор за првачињата, децата од социјално загрозени семејства и децата со попреченост. Оваа година ја зголемивме помошта на 9.000 денари по дете, и обезбедивме училишен прибор во вредност од 1.000 денари, со што им излегуваме во пресрет на родителите токму кога најмногу им е потребно. Врз основа на нашата предизборна програма и со одлука на Советот на Општина Могила, продолжуваме со конкретна поддршка за родителите и наталитетот во нашата општина. Еднократната финансиска помош за новороденчиња ја зголемуваме континуирано секоја година, а сега воведуваме и нова стимулирачка мерка: 10.000 денари за првородено дете, 15.000 денари за второродено дете, 30.000 денари за трето дете. Нова мерка од предходната година е за ново склучени бракови, младите брачни парови добиваа еднократна финансиска помош од 12 000 денари сега ја зголемуваме на 20 000 денари“ рече градоначалникот на Могила.
Кажа и дека во мултифункционалниот објект во село Могила се отвoри канцеларија наменета за работа на млади лица од нашата општина и дека во моментов е активен нов проект „Грижа и нега во домот“ кој ќе обезбеди достоинствен живот за постарите лица од општина Могила да добијат нега во своите домови, од професионално обучени лица со соодветна лиценца.

Се осврна и на образованието.
„Во трите основни училишта изминатиoт период се направија тековни реконструкции и замена на веќе дотраени материјали, се санираа дел од фасадите, ѕидовите и подовите во училниците и училишните дворови. Доопремени се училници со нови Смарт табли, во соработка со директорите и помошно-техничкиот персонал со финансиска поддршка од Општина Могила. Сензорно катче се опреми со дидактички материјали и сензорни елементи и е на располагање на учениците во Браќа Миладиновци во Будаково. Преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион се изградија 2 повеќенаменски спортски игралишта во училишните дворови во Ношпал, и во училиштето во Трап и Будаково, со што младите имаат можност да се рекреираат. Во Полска амбасада аплицирано е за повеќенаменско спортско игралиште во училишниот двор во село Мусинци“ вели тој,
Со дирекна поддршка од Владата преку министерството за Економија планирано е поставување на соларни панели на улилишниот кров на училиштето „Кочо Рацин“ во село Ивањевци и „Браќа Миладиновци “ во Добрушево, ќе се направат термофасади и потребната реконструкција на училишните згради и модификација на затоплувањето. Ќе се постават соларни панели и на спортската сала „Иљо Лопатички“ во Могила, салата ќе има затоплување и професионална вентилација.
Во наредниот период рече дека ќе обезбедат средства за субвенционирање на енергетско ефикасни инвестиции во домакинствата како што се термофасади и инвертер клими .
„Работиме на сите сфери за подобрување на условите за живот. Тампониравме 20 км локални улици и патишта во сите населени места, моментално работиме на проектна докуменртација за истите да има можност да се асфалтираат и ќе решиме повеќедецениски проблем, жителите повеќе нема да газат во кал. Исто така тампонирани и санирани се улици за пристап до земјоделско земјиште во должина од 30 километри во вредност од над 17 милиони денари, ова е голем зафат и повеќе децениски проблем. Континуирано секоја година во рамки на можностите ќе продолжиме да ги тампонираме и останатите полски патишта, ова е проект на кој што сум осебено горд бидејќи ова беше ваше барање на средбите со вас“ истакна Саботковски.
Земјоделците ја имаат мојата целосна поддршка, кажа градоначалникот на Могила.
„Во склоп на општинската зграда, во присуство на министерот за земјоделство, беа отворени две подрачни канцеларии – на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Преку нив, земјоделците ќе можат да поднесуваат апликации, да го следат нивниот статус и да добијат информации за сите активности и мерки од Министерството“ вели тој.
Општината останува сервис на граѓаните од најмлада до најстара возраст.
„Грижата за животната средина и заедничкиот животен простор е наша заедничка обврска. Сите иницијативи од жителите кои придонесуваат за подобар живот во населените места се целосно поддржани од Општина Могила. ЈКП „Пела Хигиена“ посветено работеше на одржување на чистотата, и покрај предизвиците како што се зголемените трошоци за гориво и струја, како и задоцнетите плати од минатото. Денес можеме да се пофалиме со нови паркови на места каде порано имаше отпад, со садење дрвја, чистење и разеленување на училишни дворови и јавни простори. Иако буџетот на општината е ограничен, активно аплицираме за надворешни извори на финансирање. Благодарение на соработката со Амбасадата на Јапонија, без да потрошиме ниту денар од буџетот, успеавме да набавиме ново возило за собирање на отпад. Овој проект е доказ дека преку меѓународна соработка и добро подготвени апликации можеме да обезбедиме реални решенија за потребите на граѓаните. Новото возило значително ќе го подобри управувањето со отпадот и ќе придонесе за почиста и поуредена Могила“ рече Саботковски.
Во своето обраќање зборуваше и за програмата за култура и програмата за спорт.
Пред присустните се обрати и генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

„Со голем мотив ќе продолжиме да работиме, чесно, отчетно и домаќински за доброто на сите наши сограѓани. Сакам да упатам посебна благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски, за укажаната доверба да бидам кандидат за градоначалник, за поддршката и довербата да продолжам да ја водам Могила по патот на развојот и успехот. Во изминатите години заедно поминавме многу – и предизвици, и успеси. Градевме, расчистувавме, се боревме со долгови, со проблеми, со неправди. И никогаш не се откажавме. Заедно изградивме нова слика за Могила – општина што чекори напред, со јасна визија и реални проекти. Со ваша поддршка, ќе продолжиме заедно. И верувајте – најдоброто допрва доаѓа. Ви благодарам од срце! Благодарам што ја сакате Могила. Да сте ми живи и здрави сите! Да живее Општина Могила! Да живее Република Македонија!“ рече на својата промоција актуелниот градоначалник на Могила кој од партијата доби мандат за политичка битка на изборите за втор мандат.














