ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА ПРЕМИЕРАТА НА ФИЛМОТ „ВРЕМЕ НА БЕТОН“

Премиерата на документарниот филм „Време на бетон“ беше одржана во Скопје. Филмот ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век. Посебно кратката ера на брутализмот. Што е она што доведе до овој подем во време кога е тоа најпрогресивен правец во светската архитектура? Која е неговата вредност, естетска, архитектонска, практична и зошто тој е со децении предмет на политичка конфронтација, идентификација и антагонизам?

„Време на бетон“ претставува обид да ги деконструира и објасни овие феномени. Грижливо компронираните кадри, надополнети со архивски снимки и фотографии, како и 3Д анимации, водени од нарација, го прават овој филм едно уникатно аудио-визуелно патување низ скопскиот бетон и неговата контроверзност. Филмот е снимен по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова.

Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски и Скопје филм студио. Овој филм е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија.