Започна обуката на преку 360 лица пожарникари кои се јавија на огласот на владата. обуката е дизјанирана врз основа на програма донесена од Дирекцијата за заштита и спасување и ќе трае два дена.
Преку 360 лица се дел од кусата обука за основни знаења за противпожарна заштита што започна денеска во противпожарните единици на територијата на државата. Се работи за невработени лица кои се пријавија на огласот на Владата и Агенцијата за вработвување за времени пожарникари кои ќе бидат ангажирани во летниот период кога се зголемува бројот на пожари низ државата.
Преку програмата за обука за противпожарна заштита учесниците низ теоретска и практична настава ќе се запознаат со домашната законска регулатива и одредени меѓународни стандарди за улогата и значењето на противпожарната заштитаа.
Посебна цел на обуката е значењето на превентивната заштита од пожари,опасностите кон животите, имототот,материјалните и природните богатства. Запознавање со противпожарната опрема и средства за гаснење пожари, примена на тактиката на гаснење пожари, укажување на прва помош во пожарите, Практична употрееба на Противпожарни апарати за гаснење на почетни пожари, Практична примена на хидранти за гаснење пожари и работа останата опрема и алатки за гаснење пожари.

Со огласот сите невработени лица кои активно бараат работа можеа да станат дел од пожарникарните служби во државата, вклучително и Битола, најпрвин со работно ангажирање од 5 месеци, со плата од 24 илјади денари и осигурување од инвалидност. Единствените задолжителни критериуми за конкуренција беа општа здравствена состојба без кардиоваскуларни или хронични заболувања и за лица кои се на возраст до 55 години. Според информации до кои ТЕРА дојде пред неколку недели, само 22 лица од Битола, Могила и Новаци беа заинтересирани за користење на оваа можност.
Со овие мерки треба да дојде и до зголемување на бројот пожарникари во државата. Според измените на законот за пожарникари и нивниот број на бројот население и територија којашто ја покриваат организирани во територијални противпожарни единици, ниту една влада не го исполнила законскиот минимум, а во Македонија има недостаток пожарникари.
Агенцијата и владата го реализираа врз основа на Оперативниот план за вработување со кој низ различни мерки државата го подобрува економскиот статус на лицата кои бараат работа, а за кој вкупно се издвоени преку 1 милијарда 445 милиони денари.












